
Бекот на Баерн Минхен, Нусаир Мазрауи, се врати на тренинзите со тимот, соопштија од баварскиот клуб.
Мароканскиот репрезентативец се зарази со коронавирус за време на Светското првенство во Катар, по што следеа грип и проблеми со срцето што го принудија да мирува повеќе од два месеци.
Баерн се уште нема одредено конкретен датум за враќање на Мазрауи на терените, но се очекува тоа да се случи на почетокот на март.
Во недела баварскиот клуб му гостува на Унион Берлин во натпревар од 22. коло на Бундес – лигата.
Двата тима, заедно со Борусија Дортмунд, го делат првото место во поредокот со по 43 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
