Енис Барди со тимот на Трабзонспор вечерва ќе му гостува на Базел. Турскиот тим има предност од 1-0 од првиот меч и се надева дека ќе го продолжи патот кон трофејот во Конференциската лига на УЕФА.
Идентична предност имаат и АЕК Ларнака и Иван Тричовски. Кипарскиот тим во Кошице, на неутрален терен, ќе се обиде да ја одбрани предноста против украинскиот Днипро.
Италијанскиот калчолигаш Лацио, кој исто така е меѓу фаворитите за трофејот, ќе му гостува на Клуж со предност од 1-0, а Партизан има идентичен резултат, но сега ќе биде домаќин на Шериф Тираспол.
Фиорентина речиси ја заврши работата против Брага со оглед дека победи во Португалија со 0-4, а интересни се и дуелите Гент – Карабах (0-1) и Лех – Бодо/Глимт (0-0).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













