Пресметката меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона вечерва се префрла на „Олд Трафорд“, откако европските гиганти одиграа спектакуларно реми 2-2 на првиот меч на „Камп Ноу“. Само за еден има место во четвртфиналето на Лигата на Европа, а тој дефинитивно ќе остане и прв фаворит за трофејот.
Чави има проблеми во средниот ред, ќе ги нема на располагање Педри и Гави, па Јунајтед тука ја гледа својата шанса, со оглед дека ќе ја има и поддршката од домашните фанови.
Монако и Баер Леверкузен исто така понудија многу голови, а Французите во финишот обезбедија триумф од 3-2. Сепак, германскиот бундеслигаш дефинитивно нема лесно да се предаде и ќе се бори до последне момент.
Нант го изненади Јувентус во Торино и ремизираше 1-1, а претстојниот реванш Масимилијано Алегри го дефинираше како „финале“.
Салцбург ја надмудри Рома во последната минута и оствари тесна победа (1-0) минатиот четврток. Сега, предизвикот за австрискиот тим е повеќе од сериозен, ќе мора да издржат на „Олимпико“ ако сакаат да го паметат по добро патувањето во „вечниот град“.
Останатите двојки од Лига Европа исто така не се за потценување,а се среќаваат Митјиланд – Спортинг Лисабон (1-1), ПСВ Ајндховен – Севилја (0-3), Рен – Шахтјор Доњецк (1-2) и Унион Берлин – Ајакс (0-0).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













