Германскиот стратег Томас Тухел ја следи ситуацијата во голем број врвни клубови во Европа, но нема намера да се врати во ПСЖ, пишува „Л’Екип“. 49-годишниот стручњак е без работа откако се раздели со Челси во септември 2022 година, но според извештаите, тој би сакал да го преземе Баерн Минхен.
Изданието исто така додава дека Тухел со интерес го следи она што се случува во Реал Мадрид, каде што актуелниот тренер Карло Анчелоти беше силно поврзуван со заминување од „Сантијаго Бернабеу“ во последните недели.
Името на Тухел било споменато на состанокот меѓу раководството на неговиот поранешен клуб Пари Сен Жермен и неговиот агент Пини Захави, но Германецот нема голема желба да се врати на „Паркот на принцовите“, од каде што доби отказ во декември 2020 година година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













