Македонскиот второлигаш Гостивар тврди дека нема направено грешка околу наводниот спорен настап на играчот Гордијан Христовски кој настапи на натпреварот против Пехчево во првото пролетно коло.
Од Гостивар тврдат дека сите играчи играат со дозвола од ФФМ, дека се правилно регистрирани и дека не станува збор за никаква клупска грешка.
„Сите наши играчи играат со лиценца и со дозвола од ФФМ. Нема никаква грешка“, соопшти Гостивар.
Вардар како трета заинтересирана страна поднесе жалба за настап на спорниот фудбалер на Гостивар.
Во текот на денешниот ден треба да се огласи Натпреварувачката комисија на ФФМ, а потоа и Дисциплинската комисија, доколку случајот биде префрлен за казнување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













