Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, беше воодушевен по победата од 0-2 над Ајнтрахт Франкфурт во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Италијанците направија важен чекор кон следната фаза, но тренерот останува внимателен и рече дека би било грешка неговите играчи да мислат дека двомечот е завршен.
„Тимот заврши одлична работа од самиот почеток, особено против тим кој знае тактички да ги исправи работите. Добро беа поставени во средината. Моравме да одржуваме висок притисок и да ја контролираме топката. Сега е важно да останеме смирени, многу смирени. Има и реванш. Нашата најголема грешка ќе биде да мислиме дека сѐ е готово“, изјави Спалети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













