Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, беше еден од хероите во демолирањето (2-5) на Ливерпул на „Енфилд“ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Французинот постигна два гола, а по мечот изјави дека сите во тимот сакаат повторно да го подигнат трофејот во ова натпреварување.
„Тоа беше важна вечер за нас и сакам да му ја посветам оваа победа на починатиот почесен претседател Амансио. Тоа е за него. Игравме карактерно, постигнавме многу голови и покажавме дека сакаме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите. Така го добивме мечот кој беше убав за нас на теренот и за луѓето што го гледаа. Да, лошо го започнавме натпреварот, знаевме дека навивачите на „Енфилд“ ќе не стават под притисок. Ном го покажавме вистинското лице на Реал Мадрид. Фудбалот на ова ниво е тежок. Тие почнаа подобро, но тоа беше голем натпревар и ние бевме подготвени за борба“, изјави Бензема.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













