
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека е среќен од постигнатото со Манчестер Сити, иако досега не успеал со „граѓаните“ да ја освои Лигата на шампионите. Неговиот тим утре гостува кај Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од елитното европско натпреварување.
„Би рекол ако мојата кариера заврши утре, благословен сум со она што го постигнав во Барселона, Баерн и овде во Манчестер Сити. Не би очекувал повеќе – не само успесите туку и начинот на кој играа моите тимови. Сакаме да дадеме сѐ од себе, а што и да се случи, ќе се случи“, изјави Гвардиола.
„Моето чувство е дека што и да се случи, ќе биде прогласено како неуспех во однос на она што го постигнавме во последните години. Затоа уживам. Ќе имам убава вечера, ќе пијам убаво вино, ќе гледам Реал против Ливерпул, Наполи секогаш е задоволство да се гледа и ќе се подготвувам за натпреварот“, истакна Шпанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
