
Дејвид Мојeс засега останува на кормилото на Вест Хем, но тоа може да се промени за само неколку дена. Според медиумите на Островот, неуспех во натпреварот против Нотингем Форест следниот викенд може да го прекине престојот на Шкотланѓанецот во клубот од Лондон.
Веќе многу од поддржувачите на „чеканите“ повикуваат на раздвижување за да се разбуди тимот бидејќи загриженоста дека Вест Хем би можел да го загуби местото во Премиер – лигата станува сериозна. Проблемот е што раководството на клубот нема јасен план кој да го замени Мојес.
Маурисио Покетино и Томас Тухел, кои беа најамбициозните цели, одбија воопшто да отворат преговори за функцијата. Името на Нуњо Еспирито Санто, исто така, се шушка, но Португалецот моментално е тренер на Ал-Итихад и Вест Хем ќе мора да плати голема ослободителна клаузула од 6 милиони фунти за да го ослободи од договорот со клубот од Саудиска Арабија.
Сепак, Рафаел Бенитез, кој е без работа по ослободувањето од Евертон, е подготвен да се нафати на предизвикот. 62-годишниот Шпанец сака подолг договор, додека шефовите на Вест Хем се подготвени да му понудат договор на 18 месеци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
