
Пари Сен Жермен одеше по работ, но на крајот успеа да слави против Лил со 4-3. За тоа Кристоф Галтие треба да им благодари на Лионел Меси и на Килијан Мбапе, со оглед дека „светците“ имаа негатива од 2-3 на десетина минути до крајот.
Мбапе ја отвори серијата во 11.минута, а Нејмар шест минути подоцна зголеми на 2-0. Дијаките намали во 24.минута, а Џонатан Дејвид и Џонатан Бамба донесоа пресврт во корист на Лил до 69.минута.
Но, Мбапе израмни на 3-3 во 87.минута, а Меси со прекрасно изведен слободен удар донесе победа во 95.минута. Единствениот проблем за ПСЖ е што се повреди Нејмар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
