Манчестер Сити се сопна каде што никој не очекуваше, играјќи 1-1 против Нотингем Форест на гости. „Граѓаните“ имаа огромен број шанси, не ги реализираа, а на шест минути пред крајот примија гол и испуштија два важни бода во битката за титулата.
И покрај ремито, Пеп Гвардиола смета дека тимот одиграл еден од најдобрите натпревари оваа сезона.
„Требаше да постигнеме гол, имавм премногу шанси за тоа. Во суштина, тоа беше еден од нашите најдобри натпревари, но на крајот испуштивме два бода. Требаше да бидеме поагресивни“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити сега има 52 бода, два бода помалку од лидерот Арсенал кој има и натпревар помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













