Пелистер и Воска Спорт остварија убедливи победи на стартот на пролетта во Втората лига, а и Гостивар тргна според планот со минимален триумф. Вардар „киксна“ играјќи само 1-1 против Арсими.
Пелистер го декласира Кожуф со 5-0, а Воска Спорт со 4-1 славеше против Караорман.
За „пелистерци“ двоен стрелец беше искусниот Борче Маневски, а погодија и Бојан Спиркоски, Благоја Љамчевски и Бурхан Мустафов.

Воска Спорт немаше проблеми против Караорман и славеше со 4-1. Фитон Адеми го отвори резултатот, вториот гол беше дело на Арлинд Алити, а потоа стрелаше и Ермедин Адем. Четвртиот гол за Воска го постигна Ардит Демири.
Вардар одигра само 1-1 против Арсими. Дарко Мицевски не успеа да реализира пенал во првиот дел. Тој во 29.минута шутираше неубедливо, па Ислами одбрани, а тоа можеби се покажа и клучно за понатамошниот тек од натпреварот. Еди Абдија во 33.минута донесе предност за Арсими, а израмни Десниќ во 70.минута.
До крајот, Жоглев имаше две шанси за триумф, но Арсими сепак однесе бод.

Гостивар со 1-0 славеше против Локомотива, а стрелец на победничкиот гол беше Ринор Ајдини.
Тетекс го победи Охрид со 2-0, Беласица славеше против Детонит со 2-1, а Слога Виница го декласира Борец со 4-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













