Македонскиот второлигаш Пелистер, реновиран, и засилен со неколку нови фудбалери, но и нов шеф на стручниот штаб, Бобан Бабунски, оптимистички гледа на вториот дел од сезоната.
Амбициите се јасни, борба за враќање во елитната конкуренција.
„Проектот на Пелистер е предодреден да успее. Имаме идеални услови за работа, работна атмосфера, добар ростер и град кој живее и го поддржува клубот. Добро се подготвивме, напорно работиме и со нетрпение ги чекаме официјалните натпревари. Нема да потцениме ниту еден противник и ќе влеземе максимално против секој ривал“, вели шефот на стручниот штаб, Бобан Бабунски.
Во првото пролетно коло, Пелистер ќе се сретне со Кожув.
„Тимот е исполнет со искусни фудбалери, но и тројцата млади фудбалери кои пристигнаа зимава минаа одличен подготвителен процес. Кожув е првиот ривал и ние максимално ќе го анализираме, за подготвени да влеземе во дуелот в сабота и да не ни се повторат некои грешки од есенските натпревари. Ги повикувам битолчани на стадион, да ни дадат поддршка и заедно да се радуваме“, истакнува Бабунски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













