
Почнува пролетниот дел од сезоната, а од Брегалница доаѓаат најави дека подготвено го очекуваат вториот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига. В недела во Штип ќе гостува тимот на Скопје.
Младинскиот репрезентативец Иван Николов вели дека екипата е подготвена за сите пролетни предизвици.
„Може со сигурност да кажеме дека минавме навистина квалитетни подготовки. Во тимот владее одлична атмосфера која верувам ќе не одведе кон позитивни резултати во пролетниот дел од шампионатот. Се виде низ есенскиот дел дека лигата е изедначена и очекувам така да биде и во продолжението, секој натпревар е подеднакво тежок и затоа ќе мора максимално сериозен пристап на секој дуел. Посакувам со позитивен резултат да ги израдуваме нашите навивачи уште на стартот од вториот дел од првенството“ , вели Николов.
На зимските подготовки „сините“ одиграа седум пријателски натпревари и запишаа пет победи, едно реми и еден пораз, со вкупна гол-разлика од 10-6.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
