
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се соочува со проблеми, но, сепак, тренерот Бобан Грнчаров верува дека со тимот може да се избори за пласман во елитата.
Тој ги повика навивачите да му дадат поддршка на тимот на утрешниот дуел против Арсими.
„Без оглед на состојбата во клубот со која се соочуваме периодов, подготвени и мотивирани го дочекуваме почетокот на вториот дел од првенството во ВМФЛ и натпреварот против Арсими утре од 14 часот. Максимално верувам во квалитетот и карактерот на овие момци и убеден сум дека и покрај сите проблеми со кои се среќаваме ќе бидеме фокусирани и желни да успееме во својата цел која останува непроменета, да го вратиме најтрофејниот клуб во Македонија таму каде што припаѓа. Сочуван е голем дел од екипата и квалитетно засилен на одредени позиции. Почнувајќи од утрешниот натпревар секој следен ќе биде финале за нас, и токму на таков начин ќе пристапуваме кон секој предизвик.С ите играчи се здрави и во комбинација за натпреварот, со исклучок на Дарко Размоски кој одработува суспензија поради картони. Ги поканувам сите навивачи на Вардар во што поголем број да дојдат утре од 14 часот на стадионот во Автокоманда и да ги поддржат овие момци, со нашите Комити зад нас не постои цел која не можеме да ја оствариме, а ние ќе се оддолжиме со пристап на теренот достоен за најтрофејниот клуб во државата“, изјави Грнчаров.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Монако го претстави Пол Погба

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)
