Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, ќе го пропушти неделниот натпревар против Вест Хем во Премиерлигата поради продолжување на опоравувањето од операцијата на жолчното кесе.
Конте минатата недела беше на клупата на Тотенхем во поразен од Лестер со 1:4, а го водеше и против Милан во Лигата на шампионите.
„Здравјето е најважно. По вчерашната контрола во Италија, Конте ќе остане во семејниот дом за да се опорави од неодамнешната операција“, објави Тотенхем.
Конте пред две недели имаше операција на жолчното кесе во неговата татковина.
„Сите ние во клубот му посакуваме добро. Кристијан Стелини ќе ја преземе должноста да го води првиот тим“, се додава во соопштението.
Конте објави порака на Инстаграм во која вели дека неговото „големо чувство за одговорност кон клубот, играчите и навивачите“ го навело рано да се врати на клупата.
„За жал, ја потценив процедурата, која не беше рутинска, туку сериозна и итна операција. Секој што ме познава, разбира колкав товар е ова за мене, но тоа е неопходно“, истакна Конте.
Тотенхем не соопшти кога може да се очекува враќањето на Конте на клупата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













