Манчестер Јунајтед одигра 2-2 на „Камп Ноу“ против Барселона, а менаџерот Ерик Тен Хаг имаше замерки кон судиите. Маркус Рашфорд падна во шеснаесетникот на каталонците во 63. минута и се чинеше дека напаѓачот беше соборен од Жул Кунде, но не беше досуден фаул, односно пенал, а Ерик тен Хаг верува дека одлуката на судијата има големо влијание врз резултатот.
„Имаме многу карактер и одлучност во овој тим. Се вративме и по водство на противникот, а исто така мислам дека судијата имаше големо влијание на овој натпревар. Мислам дека имаше чист фаул над Рашфорд. Можете да дебатирате дали е во или надвор од шеснаесетникот, но тогаш тоа е црвен картон бидејќи беше еден на еден со голманот. Тоа е големо влијание, не само на овој натпревар, туку на целиот двомеч, и судиите не можат да прават такви грешки“, изјави Тен Хаг за „БТ Спорт“.
Рашфорд беше клучен за Јунајтед во текот на целиот натпревар, израмнувајќи само две минути по негативата од 1-0. Потоа уфрли опасна топка во шеснаесетникот, што доведе до автогол на Жул Кунде, кој ја испрати топката во сопствената мрежа.
Неполни 15 минути откако беше соборен во една од најконтроверзните ситуации на натпреварот, Барселона израмни на 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













