
Пишува: Никола Ѓуровски
Без Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски….Без речиси цел среден ред ќе мора да игра вечерва (20.45 часот) Македонија во важната пресметка против Грузија која веројатно ќе одлучува за првото место на табелата во нашата група од Лигата на нации. Селекторот Игор Ангеловски ќе мора нешто да „измисли“ и секако да уфрли дел од новоповиканите фудбалери од домашното првенство и во стартниот тим.
Кој да биде креаторот на играта, тоа е главната дилема за селекторот Игор Ангеловски. Во некои други околности тоа секако би можел да биде капитенот Горан Пандев, но зад него се веќе два меча, физички е исцрпен, а речиси и да не тренираше пред овој репрезентативец прозорец поради пандемијата со коронавирусот во Џенова.
Енур Тотре или Дарко Мицевски? Креаторите на играта на Шкендија и на Вардар се наметнуваат како најлогично решение за проблемот во националниот тим. Можно е и на Езгјан Алиоски да му се довери една таква улога, со оглед дека е физички најподготвениот играч во составот, па да се пополнува левата странична позиција на друг начин.
Ангеловски повика четворица фудбалери од домашното првенство како дополнение за составот кој играше во Естонија. Оттогаш отпаднаа и Енис Барди поради жолти картони, Стефан Спировски поради повреда и Ферхан Хасани кој се врати во Финска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
