Започнува елиминациската фаза во Лига Европа, а во фокусот на вниманието е пресметката меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед.
Двата тима важат за фаворити во натпреварувањето, но еден ќе мора да испадне уште на стартот од елиминациите. Поради тоа дуелот е наречен „финале пред финалето“.
Барселона ќе игра во плејофот од Лига Европа откако изненадувачки испадна од Лигата на шампионите, завршувајќи на третото место во групата Ц. Манчестер Јунајтед стигна до оваа фаза завршувајќи на второто место во групата Е од Лига Европа, иако бодовно беше израмнет со Реал Сосиедад.
Двете екипи се во одлична форма во последно време и може да се очекуваат две возбудливи пресметки. Првата е вечерва на „Камп Ноу“.
Севилја го чува приматот според бројот на трофеи во Лига Европа, а вечерва е домаќин на ПСВ Ајндховен. Италијанскиот гигант Јувентус, кој има сериозни амбиции во ова натпреварување по проблемите кои ги има во Серија А, го пречекува Нант.
Рома на Жозе Мурињо ќе има тешко гостување кај Салцбург.
Ајакс ќе се сретне со Унион Берлин, Шахтјор Доњецк ќе игра против Рен, Баер Леверкузен ќе има дуел против Монако, а Спортинг Лисабон против Митјиланд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













