Македонија и Грузија ’залегнати’ во ров, чекаат шанса да се заканат, но и чуваат дел од адутите за финалниот плејоф натпревар на 12. ноември. Без многу шанси на арената „Тодор Проески“ по првиот дел – без голови!
Селекторот на македонскиот национален тим Игор Ангеловски изведе офанзивен состав, најдоброто што го има на располагање во моментов, со Пандев, Несторовски и Тричковски во навалниот ред.
Пандев се закани двапати, но не беше прецизен, а посебно опасно беше за Грузијците по неговиот удар со глава во 43.минута, по центаршутот од десната страна.
Грузијците скромни во нападот, но добро организирани во средниот ред и цврсти во одбраната.
Фото: ФФМ – Петр Стојановски
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













