Connect with us

Халанд ќе биде подготвен за дербито со Арсенал

Манчестер Сити доби добри вести за состојбата на Ерлинг Халанд. Напаѓачот беше заменет на полувремето во победата од 3-1 против Астон Вила поради проблем со бутниот мускул. Тоа предизвика загриженост за Норвежанецот во пресрет на дербито против Арсенал во Лондон.


Сепак, Халанд учествуваше на вчерашниот тренинг на „граѓаните“ и се чини дека неговата состојба е доволно добра да биде на линија за пресметката со „топчиите“.

Со победа над Арсенал, тимот на Пеп Гвардиола ќе биде на врвот на табелата и покрај тоа што има одиграно натпревар повеќе.

„Ова веројатно ќе биде еден од нашите најтешки натпревари во последните години, но ние сме подготвени. Ќе патуваме во Лондон со идеја да победиме во натпреварот. Играме против најдобриот тим во Англија досега, но тие се тим кој многу добро го познаваме“, изјави Илкај Гундоган во пресрет на дербито.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови