Манчестер Јунајтед не се откажува од опцијата да го доведе напаѓачот на Рома, Пауло Дибала. 29-годишниот Аргентинец долго време e цел на „црвените ѓаволи“, кои може да го обноват интересот за него во текот на летото, тврди „Калчомеркато“.
Од „Олд Трафорд“ се решени во следниот преоден рок да доведат нов напаѓач, а Дибала моментно е на листата на најбарани со оглед дека во неговиот договор со Рома има ниска откупна клаузула од само 15 милиони евра.
Дибала досега има 11 гола и седум асистенции на 21 натпревар во дресот на „волчицата“.
Инаку, на „Олд Трафорд“ имаат и други опции за засилување на нападот, меѓу нив Виктор Осимен, Хари Кејн, Тами Абрахам, Гонзало Рамос…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













