Челниците на италијанската Серија А сериозно размислуваат да им забранат на интернационалците кои настапуваат на „чизмата“ да настапат за своите репрезентации во ноемврискиот прозорец. Тоа би било погубно за Македонија, затоа што би останала без капитенот Горан Пандев и без суперталентираниот Елиф Елмас, двајцата наши најдобри играчи, и тоа за историскиот финален плејоф натпревар против Грузија што е закажан за 12. ноември во Тбилиси. Секако, во ваква ситуација не би пристигнал ниту членот на Удинезе, напаѓачот Илија Несторовски, а Македонија би загубила тројца фудбалери од стартниот состав.
Оваа иницијатива дојде од претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, оправдувајќи ја со фактот дека голем број од интернационалците заболеле од коронавирус откако заминале на репрезентативни настапи, а со тоа се прави голема штета на италијанските клубови и самото натпреварување во Серија А. Предлогот на Лаурентис е поддржан од сопствениците на сите клубови и за ова Серија А ја известила и УЕФА.
Капитенот Горан Пандев со судни маки успеа да се извлече од Џенова, буквално што се вели да „побегне“ и да дојде во Македонија и во претходниот прозорец, за важниот полуфинален меч против Косово во Лигата на нации. Дали повторно ќе има драма за доаѓањето на македонските „италијанци“ и во ноември?
Елиф Елмас, според информациите од Наполи, се уште е позитивен на коронавирусот и се наоѓа во изолација. Тој не беше дел од репрезентацијата и на претходните три меча во октомври.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













