Карло Анчелоти одлучил да ја прифати понудата и да стане нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација. Оваа информација ја пренесува „ЕСПН“ по преговорите што ги водеа Бразилците и италијанскиот селектор.
Официјалната информација за преземањето на клупата на Бразил од Анчелоти нема да биде објавена пред крајот на тековната сезона бидејќи тој има валиден договор со Реал до летото 2024 година.
По оваа сезона тој договор би требало да биде раскинат, а Анчелоти тогаш би се обврзал со Бразилците до Светското првенство, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада во 2026 година.
Засега договор не е потпишан, туку дека се договорени сите услови, а Анчелоти за првпат во својата богата кариера ќе стане селектор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













