Connect with us

Хатајспор истапи од турската лига

Турскиот суперлигаш Хатајспор се откажал од продолжението на сезоната во турската Суперлига која е прекината за десетина дена поради катастрофалниот земјотрес, објави првиот човек на турската федерација Мехмет Бујукекси. Тој најави дека можно е и Газијантеп да се откаже, а во овој клуб член е македонскиот репрезентативец до 21 година, Лука Станковски.


„Денеска од Хатајспор ни пратија писмо. Нѐ информираа дека нема да ги играат мечевите до крајот на сезоната. Ако и Газијантеп сака да истапи, тогаш ќе видиме, но планираме да продолжиме со 17 екипи. Правата на овие два клуба остануваат со прволигашки статус, поради објективните причини“, изјави Бујукекси.

Хатајспор доаѓа од градот Антакја, кој е еден од најразурнатите во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди југоисточна Турција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови