ФИФА ги објави имињата на тројцата конечни кандидати за најдобар тренер за изминатата година.
Финалисти на наградата „The Best“ на ФИФА се тренерот на светскиот фудбалски шампион Аргентина, Лионел Скалони, тренерот на европскиот и шпански шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти, и менаџерот на англискиот шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
На поширокиот список на кандидати се најдоа и францускиот селектор Дидие Дешамп и мароканскиот селектор Валид Реграги.
На конечниот список за најдобар тренер кај дамите се најдоа селекторката на англиската репрезентација Сарина Вигман, селекторката на бразилската репрезентација Пиа Сандаге и тренерот на Лион, Соња Бомпастор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













