Connect with us

Шкендија ремизираше против Валмиера, Чинари двоен стрелец

Македонскиот прволигаш Шкендија ремизираше 2-2 против летонскиот тим Валмиера на подготовките во Анталија. Овие две екипи имаа дуели и во Конференциската лига на УЕФА пред шест месеци, а славеше Шкендија.


На пријателскиот меч во Турција, Валмиера имаше водство од 2-0 на полувремето, но Шкендија успеа да израмни во вториот дел.

Стрелец на двата гола за Шкендија беше албанскиот интернационалец Ералдо Чинари, во 48.минута и во 66.минута.

Ова беше последниот тест натпревар на Шкендија во Анталија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови