Connect with us

Лидс Јунајтед го сака тренерот на Феенорд за нов менаџер

Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед го бара наследникот на Џеси Марш. Раководството на клубот го посакува тренерот на Феенорд, Арне Слот, на клупата на тимот.


Арне Слот интересен за голем број европски клубови откако неговиот тим Феенорд минатата сезона стигна до финалето на Конференциската лига на УЕФА, губејќи од Рома. Во моментов неговиот тим повторно игра одлично и е на врвот на Ередивизие со само еден пораз досега.

Лидс Јунајтед, предводен од асистентот Скубала, синоќа одигра 2-2 против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови