Поранешниот француски фудбалер и член на Пари Сен Жермен, Жером Ротен (44) го критикуваше Лионел Меси и неговиот поранешен клуб.
Ротен смета дека шампионот на Франција не треба да го продолжи договорот со Меси, како и дека Аргентинецот воопшто не го почитува клубот.
„Компликувано е да се менаџираат Меси, Нејмар и Мбапе. Патем, платата на Меси е многу висока. Гледам дека ПСЖ е заробен во финансискиот фер-плеј. Лоша идеја е да се продолжи соработката со Меси. Тие имаат можност да заштедат огромна сума пари од неговата плата, а тоа исто така може да им овозможи да го засилат тимот на неколку позиции. Меси не се обидува да го стави клубот на прво место. Никогаш не им се заблагодарува на навивачите на крајот од натпреварот, ја спушта главата и оди во соблекувалната“, истакна Ротен.
„Дури и кога слави голови и кога се скандира неговото име, тој никогаш не прави никаков гест за да им се заблагодари на навивачите. Тој не сака да се вложува во овој проект. Затоа мислам дека не е добра идеја да му се продолжи договорот“, дополни поранешниот фудбалер.
Договорот на Лионел Меси со ПСЖ истекува на 30 јуни оваа година. Аргентинецот постигна 15 гола и забележа 14 асистенции на 24 натпревари за ПСЖ оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal