Connect with us

Мартинез, Бону и Куртоа се номинираните голмани за наградата „The Best“

Светската фудбалска централа започна со објавување на тројца кандидати за различните категории на наградите на ФИФА – The Best. Јасни се тројцата номинирани кои ќе се борат за наградата најдобар голман во светот за 2022 година.


Тоа се светскиот шампион со Аргентина, Емилијано Мартинез, кој беше избран и за најдобар голман на Светското првенство во Катар, Јасин Бону, репрезентативец на Мароко и член на Севилја, како и голманот на Реал Мадрид и Белгија, Тибо Куртоа, кој минатата сезона ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига.

Победникот ќе биде објавен на церемонијата што ќе се одржи во Париз на 27 февруари.

За оваа награда ќе биде земен во предвид успехот на номинираните во периодот од 8 август 2021 до 18 декември 2022 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови