Jувентус оваа сезона се соочи со голем удар откако му беа одземени 15 бода, а сѐ уште има опасност и за одземање на нови 20 бода.
Во изминатите месеци многу играчи беа испрашувани додека се водеше истрагата, а навивачите сметаат дека Матија Де Шилјо е тој што „пропеал“ и им открил сѐ на истражителите.
Де Шилјо не беше долго време на теренот поради повреда. Тој доби шанса на последните два првенствени натпревари против Монца и Салернитана и навивачите веднаш се нафрлија кон него.
„Размислувам само за теренот. Треба да ме судат врз основа на тоа што го правам на теренот. За останатите работи, јас не згрешив ништо. Секогаш давам максимум на теренот за овој дрес бидејќи за мене тимот и клубот Јувентус се приоритет“, изјави Де Шилјо по натпреварот против Салернитана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













