Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, истакна дека најдобриот стрелец на тимот Виктор Осимен не е на продажба.
Англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Челси се заинтересирани за 24-годишниот Нигериец, а понудите се движат и до 120 милиони евра. Но, Наполи не размислува за продажба.
„Осимен не е на продажба. Има интерес за нашите играчи, но нема да ги продаваме. Наполи нема проблеми со долговите“, изјави Де Лаурентис.
Осимен му се приклучи на Наполи во 2020 година во трансфер вреден 75 милиони евра од Лил. На 21 натпревар оваа сезона, напаѓачот постигна 17 гола и забележа четири асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













