
Почина Мирослав Чиро Блажевиќ, легендарниот тренер и селектор на Хрватска. Почина на 88-годишна возраст по долга борба со ракот.
Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, а двапати успеа да ја победи. За жал, не и третпат.
Тој почина два дена пред неговиот 88-ми роденден.
Чиро е роден во 1935 година како осмо и најмало дете на Катарина и Мата Блажевиќ. Играше фудбал до 31 година во Мутиер, Швајцарија, кога реши да стане тренер.
Во Швајцарија ги водеше Вевеј и Сион, а потоа во 1979 година стана селектор на оваа земја. Подоцна ја презеде Ријека, која ја водеше до четвртфиналето на Купот на победниците на куповите, каде што загубија од Јувентус.
Во 1982 година по 24 години пост успеа на Динамо Загреб да му ја донесе титулата шампион на Југославија.
„Тоа беше нешто совршено и, без конкуренција, најголемиот успех во мојата кариера. Секоја чест за бронзениот медал во Франција, но за мене 1982 година и титулата на Динамо е круна на сето она што го направив како тренер“, изјави Блажевиќ.
За сите останати, најголемиот успех во кариерата на Чиро Блажевиќ беше третото место на Светското првенство во Франција во 1998 година. Хрватска водеше во полуфиналето со 1-0, но тогаш Лилијан Тирам, бекот на Франција, ги постигна единствените два гола во својата репрезентативна кариера и ги одведе „триколорите“ во финалето.
Последната тренерска работа му беше во Задар во 2014 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
