Фудбалерот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, го одработи првиот тренинг со тимот, првпат откако се повреди на 15 ноември поради што го пропушти Светското првенство во Катар.
На видеото објавено на Твитер профилот на Лајпциг, може да се види Нкунку како трча и и вели на камерата: „Конечно се вратив“.
Finally back! @c_nk97 🫶 pic.twitter.com/aH4CeJbUOe
— RB Leipzig English (@RBLeipzig_EN) February 7, 2023
Францускиот фудбалер сепак само се загреваше и изведе неколку вежби, но не го одработи целиот тренинг.
Неговото враќање доаѓа две недели пред првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Лајпциг и Манчестер Сити. Сепак, сѐ уште не е доволно подготвен за настап.
Нкунку го повреди коленото на тренингот на француската фудбалска репрезентација непосредно пред почетокот на Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













