
По 260 дена надвор од терените, Златан Ибрахимовиќ е блиску до враќање на фудбалот. 41-годишниот Швеѓанец играше со повреда на коленото на крајот од минатата сезона за да му помогне на Милан да ја освои првата титула по повеќе од една деценија. Веднаш по успехот тој беше опериран, а закрепнува повеќе од половина година.
Тој денеска за првпат имаше целосен тренинг покрај соиграчите. Ибрахимовиќ на крајот на минатата недела ги продолжи активностите со тимот, но учествуваше на дел од тренингот, а потоа продолжи на индивидуален план.
Според некои италијански медиуми, Стефано Пиоли може дури и да го вклучи во составот за натпреварот против Торино во петок. Тренерот се надева дека Златан ќе ги инспирира своите соиграчи да направат пресврт во игрите и резултатите.
Милан е без победа на последните седум натпревари, на пет загуби, а оваа серија вклучува два порази од Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
