Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Агеловски го објави списокот на фудбалери на кои смета за финалниот натпревар против Грузија од Лигата на нации за пласман на Европското првенство. Со сите сили, најдобрите, оние кои и ја донесоа националната селекција на еден чекор до ЕП се во плановите на Ангеловски.
Капитенот Горан Пандев е предводник, се враќа Елиф Елмас, тука е и опоравениот Егзон Бејтулаи како дополнување за одбраната од последниот меч, а и конкуренцијата на голманската позиција е засилена со четворица чувари на мрежата.
Ангеловски ги повика следните фудбалери…
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија) Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Мартин Богатинов (Етникос Ахна), Даниел Божиновски (Силекс)
ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија)
СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Езгјан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок)
НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski