Голема криза го тресе Милан. Шампионот на Италија доживеа дебакл од Сасуоло на „Сан Сиро“ и моментно се наоѓа на петтата позиција на табелата во Серија А.
Алармот е вклучен. Раководството на клубот не е задоволно, но поддршката за Стефано Пиоли и понатаму е присутна. Сепак, како што откриваат италијанските медиуми, доколку Милан не се пласира во Лигата на шампионите на крајот од сезоната, Пиоли ќе добие отказ, а клубот ќе се насочи кон младите играчи и формирање на тим за во иднина.
Диригентската палка потоа би ја презел Рафаеле Паладино, тренерот на Монца кој сезонава двапати го победи Јувентус.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski