
Пари Сен Жермен уште еднаш доби „не“ од Интер за понудата да го доведе Милан Шкриниар во зимскиот преоден рок. Понудата била 8 милиони евра, плус уште 2 милиони во вид на бонуси. Италијанскиот клуб сепак претпочита да го задржи дефанзивецот додека не му истече договорот на лето.
Пред неколку дена и самиот Словак призна дека веќе потпишал договор со ПСЖ за трансфер од новата сезона. И тој сака да се пресели во Париз до крајот на денот, но очигледно дека Интер нема тоа да го дозволи.
На одбивањето на Интер влијаеше и тоа што немаат обезбедено замена за Шкриниар, откако преговорите за Хари Мегваер или Виктор Линделоф од Манчестер Јунајтед не дадоа резултат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
