Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе се обиде во последниот ден од зимскиот преоден рок да го доведе мароканскиот интернационалец Хаким Зијеч од Челси. Тој треба да биде своевидна замена за Пабло Сарабија кој се пресели во Премиер – лигата.
Зијеч беше и во преговори со Милан, но „росонерите“ сепак не се одлучија да го доведат поради преголемата плата. Тоа нема да биде проблем за ПСЖ, кој би сакал да го има на позајмица до крајот на сезоната, со опција за целосен откуп на договорот.
Тренерот Кристоф Галтие побара од раководството најмалку уште едно квалитетно засилување во нападот за да создаде конкуренција за триото Нејмар – Меси – Мбапе. Тој по ремито (1-1) против Реимс истакна дека некои фудбалери се чувствуваат премногу комфорно на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













