Напаѓачот на Јувентус, Аркадиуш Милик, поради повреда ќе биде надвор од терените најмалку месец и половина. Полскиот интернационалец се повреди вчера при поразот од Монца со 0-2 во Торино.
Лекарските прегледи извршени денеска потврдија повреда на бутниот мускул на левата нога, а за две недели играчот ќе биде подложен на нова серија тестови. Според првичните податоци, на Милик му требаат меѓу шест и осум недели за да закрепне, пишуваат италијанските медиуми.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, се надеваше дека проблемите со повредите на тимот ќе бидат минато откако Душан Влаховиќ вчера се врати на теренот по долгата пауза поради повреда, а наскоро се очекува да настапи Пол Погба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













