ПСЖ синоќа направи нов кикс во Лига 1 ремизирајќи 1-1 против Реимс на „Паркот на принцовите“. Сега Ленс и Олимпик Марсеј му дишат во врат на тимот на Кристоф Галтие, кој беше многу нервозен на прес-конференцијата по натпреварот.
Тој рече дека неговите фудбалери мора што поскоро да излезат од нивната комфорна зона.
„Доколку сте тренер, не можете да бидете задоволни со овие резултати, овие настапи и колективно и индивидуално. Очигледно дека ќе треба да донесам одредени одлуки.
Работевме многу добро оваа недела, но тоа не беше видливо на теренот, особено во првото полувреме. Мораме да направиме нешто за да го вратиме натпреварувачкиот дух бидејќи западнавме во комфорна зона од која тешко се излегува.
Јас сум одговорен за овие лоши игри, но има и индивидуална одговорност за овие настапи. Во моментов, премногу играчи не се на потребното ниво. Мислам дека тоа не е криза на самодовербата, туку криза на волјата“, изјави Галтие.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal