
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги суспендираше репрезентативците на Уругвај, Фернандо Муслера и Хозе Марија Хименез на четири натпревари, а Единсон Кавани и Диего Годин на еден натпревар, поради конфликтот со официјалните лица на натпреварот на Светското првенство.
Инцидентот се случи во натпреварот од третото коло од групната фаза на 2 декември против Гана, кој Уругвај го доби со 2-0.
Фудбалерите на Уругвај протестираа поради недосудениот пенал во судиското надополнување. Победа од 3-0 ќе го одведеше Уругвај понатаму, а така Уругвај заврши на третото место во групата и Јужна Кореја отиде понатаму.
Суспендираните фудбалери мора да работат општествено корисна работа на фудбалски проект и да платат казна од 20.000 швајцарски франци, објави ФИФА.
Уругвајската фудбалска федерација е казнета со 50.000 швајцарски франци.
Дисциплинците на ФИФА одлучија дека Уругвајската федерација е одговорна за дискриминаторското однесување на навивачите, како и за недоличното и навредливо однесување на играчите и кршењето на принципите на фер-плеј.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани
