Левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, најверојатно ќе отсуствува од терените околу еден месец, информира агенцијата ЕФЕ. Неговата конечна дијагноза ќе биде поставена по опсежните прегледи, кои ќе откријат и колку време францускиот репрезентативец ќе треба да закрепнува.
Менди беше принуден да излезе од игра во 39. минута од четвртфиналето на Копа дел Реј против Атлетико Мадрид (3-1), а неговите први прогнози беа дека има повреда на тетивата на левата нога.
Досега тој пропушти 14 натпревари за Реал оваа сезона поради различни повреди на мускулот.
Доколку биде надвор од терените еден месец, Менди ќе пропушти шест првенствени натпревари, првиот меч со Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите и првото полуфинале во Купот на Кралот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













