Илјадници плакати со ликот на Адолф Хитлер во дрес на Рома денеска осамнаа на улиците на Рим. „Плакати на срамот“, напиша „Газета дело Спорт“ и додаде дека никој не можел да замисли дека еден ден ликот на Адолф Хитлер ќе се види во дресот на римскиот клуб.
Постери со Хитлер се пронајдени на излозите, семафорите и билбордите во Рим, а сторителите сѐ уште не се пронајдени. Италијанците го сметаат за чин од антисемитска природа бидејќи се случи во пресрет на Денот на сеќавањето во чест на жртвите на холокаустот. Како главни осомничени се споменуваат навивачите на Рома со фашистички симпатии, пишува „Ла Република“ и додава дека овој чин ја шокирал Италија.
„Фотографиите на Хитлер облечен во дрес на Рома кои се појавија во градот денес се вистински срам само неколку дена пред Денот на сеќавањето. Презедовме мерки веднаш да ги отстраниме“, изјави градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













