
Италијанскиот вицешампион Интер очигледно веќе го прифати фактот дека ќе го загуби дефанзивецот Милан Шкриниар кој е пред трансфер во Пари Сен Жермен. „Газета дело спорт“ тврди дека „нероаѕурите“ се насочиле кон двајца играчи кои би можеле да го заменат словачкиот репрезентативец.
Првата опција е 19-годишниот талент на Аталанта, Џорџо Скалвини, но неговата цена е превисока – околу 50 милиони евра, а дополнително за него интерес има и од клубови од Премиер – лигата, како и од Баерн Минхен.
Поради оваа причина, поверојатна изгледа другата опција Тоа е 22-годишниот Тијаго Џало од Лил, кој може да биде доведен за околу 20 милиони евра. Интересно, Португалецот помина шест месеци во академијата на градскиот ривал Милан пред да биде продаден на францускиот клуб како дел од договорот за Рафаел Леао во 2019 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
