
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, нема намера да ја напушти клупата додека не му истече договорот во летото 2024 година.
Оваа информација ексклузивно ја објави шпанска „Марка“ и со тоа ги отстрани сите дилеми околу статусот на Аргентинецот, кому сезонава не му оди најдобро во Мадрид.
Медиумите бараа наследник на популарниот Чолo, се споменуваше Луис Енрике, но 52-годишниот стручњак кој е во Атлетико од 2011 година реши да остане и не заминува кога на тимот не му оди најдобро.
Симеоне со Атлетико освои две титули во ла Лига во 2014 и 2021 година, двапати ја освои Лигата на Европа, еднаш Кралскиот куп и играше во две финалиња во Лигата на шампионите, а во 2016 година беше прогласен за најдобар тренер во светот.
Сепак, оваа сезона на „јорганџиите“ не им оди најдобро. Испаднаа во групата од Лигата на шампионите, додека во Примера се само шести.
Симеоне дефинитивно нема да го напушти Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
