Connect with us

Ал-Наср го регистрира Роналдо, дебито против тимот на Дарко Велковски

Кристијано Роналдо веќе е регистриран како фудбалер на Ал-Наср и наскоро ќе може да дебитира во лигата на Саудиска Арабија. Се очекува тој да ги одигра првите минути за својот нов тим против Ал-Етифак, тимот на Дарко Велковски, на 21 јануари. Претходно мора да одлежи два меча суспензија која ја доби од ФА на Англија додека сѐ уште беше член на Манчестер Јунајтед.


Потписот на 37-годишниот ас стана можен откако Ал-Наср се раздели со Винсен Абубакар.

Клубовите во Саудиска Арабија имаат право на максимум осум странци во своите состави, а со доаѓањето на Роналдо во Ал-Наср станаа деветмина. Беше донесена одлуката за заминување на Абубакар.

Се очекува тој да го засили Манчестер Јунајтед како трансфер до крајот на сезоната и ефективно да го заземе местото на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови