Connect with us

Тетекс има ново раководство кое ќе се обиде да го извлече од бездната

Македонскиот второлигаш Тетекс ќе се обиде да се реструктуира оваа зима и напролет да се спаси од испаѓање во понизок ранг. Поради ова избрано е ново раководство.


Тетекс во моментов е во лоша финансиска состојба, без доволен фонд на квалитетни фудбалери, но борбата продолжува.


Нов претседател на клубот ќе биде д-р Бобан Вучевски, а во управниот одбор ќе бидат уште Ивица Хаџииљоски – Чајка, Драгољуб Јовановски, Перо Јовановски, Живко Антовски, Бобан Мишевски и Ненад Спасоски – Зец.


Тренер на клубот останува Дејан Савевски, со кого ќе работат Живорад Радоњиќ и Миле Спироски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови