
Милан не се откажува од идејата да го доведе крилниот напаѓач на Челси, Хаким Зијеч. „Росонерите“ го сакаа Мароканецот уште минатото лето, но потоа одлучија да го купат Шарл Де Кетеларе. Сепак, Белгиецот сè уште не може да го покаже најдоброто од себе на „Сан Сиро“, а Брахим Дијаз не е во многу добра форма и затоа клубот сака да ја засили конкуренцијата на офанзивните позиции.
29-годишниот фудбалер остави одличен впечаток со своите настапи за Мароко за време на Светското првенство во Катар и даде голем придонес за пласманот на тимот во полуфиналето. Ова дополнително ги убеди шефовите на Милан дека вреди да го доведат во нивните редови.
Во оваа фаза се верува дека „росонерите“ ќе се обидат да го земат на позајмица со опција за откуп на договорот. Челзи е подготвен за ваква зделка, а и самиот играч е заинтересиран да дојде на „Сан Сиро“.
Сепак, има еден сериозен проблем пред трансферот, а тоа е платата на Зијеч. Тој побара од Милан плата од 8 милиони евра, колку што е горната граница на платите во клубот. Во моментов нема играч кој заработува толку пари и само на ѕвездата на „росонерите“ Рафаел Леао му е понудена слична сума доколку се согласи да потпише нов договор.
Зијеч моментно има околу 6 милиони евра во Челси, но се надева дека ќе заработи поголема плата токму поради неговите квалитетни настапи на Светското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
