
Холанѓанецот Коди Гакпо постигна три гола на Светското првенство во Катар и сега е прв избор на Манчестер Јунајтед. На менаџерот Ерик тен Хаг му недостига напаѓач по раскинувањето на договорот со Кристијано Роналдо, па 23-годишниот напаѓач на ПСВ стана прва цел.
Гакпо ова лето веќе беше на листата на желби на Манчестер Јунајтед, но англискиот премиерлигаш реши да го доведе Бразилецот Ентони од Ајакс. Во меѓувреме понуди за него испратија Лидс Јунајтед и Саутемптон, но тој реши да остане во Холандија и да чека понуди од клубовите кои играат во Лигата на шампионите.
Офанзивецот на ПСВ има договор до 2026 година, а сезонава на 29 натпревари за клубот постигна 15 гола и забележа 18 асистенции.
ПСВ Ајндховен очекува да добие повеќе од 50 милиони евра за Гакпо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
